Легендарниот аргентински тренер позитивен на коронавирус

EPA-EFE/JOSE COELHO

Карлос Биљардо ја предводеше Аргентина до триумфот на Светското првенство 1986 година во Мексико, е позитивен на коворнавирус.
Биљардо ги предводеше и „гаучосите“ четири години подоцна кога во финалето загубија од Западна Германија.

„Извршија тестови и резултатот беше позитивен, додека Карлос нема никави симптоми и се чувстува добро“, пренесоа аргентинските медиуми.

Биљардо најголем дел од фудбалската кариера ја помина во Естудијантес со кого освои три титули во Копа Либертадорес од 1968 до 1970 година. Токму во Естудијантес, Биљардо во 2004 година ја заврши и тренерската кариера, а 82-годишниот поранешен селектор сега живее во старечки дом во Буенос Аирес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот