Лечиќ: Не сфаќам, што ќе добие МЗТ од службено прогласување за шампиони?

Лазар Лечиќ не е задоволен како одат работите во кошарката во Македонија/фото: kfsm.mk

Лечиќ зборува за актуелниот момент во нашата кошарка, тој вели дека титулата се заработува на терен, а не со кавги.

Навистина не ги сфаќам луѓето од МЗТ Скопје, зошто толку инсистираат да бидат прогласени за шампиони на половина од првенството. Се знае како се станува шампион – вели легендата на македонската кошарка.

Да се направат сите обиди титулата да ја добие навистина најдобрата екипа во нашата земја, доколку се обезбедат услови, да се игра и некој завршен турнир.

Шампионот да не биде „службен“, да биде промовиран на „зелена маса“. Клубовите да се подготовуваат за некои други, многу полоши моменти кои следуваaт во кошаркaрскиоt спорт, а се предизвикани од пандемијата на коронавирусот Ковид-19.

Така некако гласат размислувањата на легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ..

Ова е навистина еден чувствителен момент во кој многу повеќе внимание мора да обрнеме на здравјето, на безбедноста, иако не смееме да ги заборавиме оние секојдневни активности. А кога сум јас во прашање нели, пред се, кошаркарските. Слушам, гледам полемики околу тоа дали треба да се прогласи шампион, или пак сезоната да биде поништена. И сум навистина разочаран како сето тоа е прикажано во јавноста. Наместо да зборуваме за работи со кои треба да одиме напред, ние го правиме спротивното.

Лично сметам, и се чудам, зошто раководството на МЗТ Скопје, упорно инсистира да им биде доделена шампионската титула? Што ќе добијат со едно такво, службено прогласување за шампиони? Дали е тоа задоволување на нечии интереси, пред се навивачките, би рекол. Навистина и не гледам друг интерес, освен за да се каже дека биле најдобри во сезоната во која не одиграле ни половина од предвидените натпревари, а оние кои ги добиле ги реализирале со голем број на странски кошаркари. Кому му е потребна титула ‘освоена’ на зелена маса? – се зборовите на Лечиќ.

МЗТ Скопје Аеродром размислува дури и да не настапува во текот на следната натпреварувачка сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот