„Бурата“ во мак-баскетот не стивнува: МЗТ Скопје размислува следната сезона да не игра во Првата лига?

фото: кк мзт скопје аеродром

Перипетиите кои настанаа во последните два-три дена поврзани со одлуката како да заврши Првата лига, дали да се прогласи МЗТ Скопје за шампион или не, продолжуваат и денеска.

Koшаркарската федерација на Македонија (КФСМ) вчера преку конференциска врска одржа гласање по двата доставени предлози и клубовите одлучија да не се прогласи шампион за прекинатата сезона и да нема испаѓање од Првата лига.

За тој предлог гласаа четири екипи, три беа за МЗТ Скопје да ја добие титулата, а три клуба беа воздржани и таа предлог треба да биде „аминувана“ од Управниот одбор на КФСМ.

Денеска со своја реакција се јави и раководството на МЗТ Скопје кое најавува и можност во наредната сезона да не игра во Првата лига.

Сопштението ви го пренесуваме интегрално:

Новонастанатата ситуација во македонската кошарка и пред сѐ односот кои челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) заедно со нивните „коалициски партнери“ го покажаа кон нашиот клуб, се причините поради кои управата на МЗТ Скопје Аеродром на еден од следните состаноци сериозно ќе ја разгледа можноста за отстапување од Првата лига и играње само во регионалната АБА и во Лигата на шампионите на ФИБА.

Ова сега веќе не е само дебата околу тоа дали спортските резултати остварени на паркетот до прекинот поради пандемијата треба да бидат валидни или сезоната едноставно да се поништи како да не била, туку оркестриран напад на Перо Антиќ и „партнерите“ (за што сведочат нивните заеднички и речиси истовремени објави на социјалните мрежи) врз клубот со најмногу репрезентативци, со седум титули во последните осум години и единствен македонски претставник во најсериозните европски натпреварувања во последната декада.

Во тој дух беше и вчерашниот „консултативен“ состанок на прволигашите по кој КФМ прогласи победа со само 40% од гласовите, иако нам ни ја спори титулата бидејќи биле одиграни „само“ 50% од натпреварите. Трите воздржани гласови се на клубови со ставови блиски до нашите, кои токму поради тоа беа изложени на притисоци и закани од типот „ќе видите што ќе биде ако гласате МЗТ да биде шампион“, па решија да апстинираат со напомена дека ова е одлука која не смее да ја носат клубовите, туку само Управниот одбор на КФМ и тоа без претходна сугестија во вид на еден предлог. А, „победничкиот“ глас во ситуацијава, надвор од коалциските сили, буквално е изнуден со формулацијата на самиот предлог, бидејќи во спротивно клубот ќе требаше сам себе да си се испадне од елитата.

МЗТ Скопје Аеродром има доверба во членовите на УО на КФМ, кои веќе еднаш го искажаа своето мислење околу начинот на кој треба да заврши првенство, а кој, според нашите информации, со 80% од гласовите бил за одлука за прекин на првенството со прогласување шампион и без испаѓање од лига. Веруваме во интегритетот и начин на размислување на „одборниците“, без разлика што од раководството на КФМ ќе ги „нападне“ со предлог кој сметаат дека мина бидејќи за него гласаа само четири од вкупно десет прволигаши.

Ние, воедно, сѐ уште сме на ставот кој го искажавме и на вчерашниот состанок на клубовите, дека сме подготвени да се вратиме на паркетот и да го доиграме првенството во формат кој ќе го одбере Куќата на кошарката и тоа само со македонски кошаркари, бидејќи е јасно дека странците нема да може да дојдат во државата. На федерацијата и на противниците е да решат дали го прифаќаат „фрлениот пешкир“ или остануваат доследни на ставот да го избришат сето тоа што се случи сезонава на паркетите ширум државата.

Не бараме ништо што е надвор од прифатените стандарди во (по)голем дел од европските држави и тоа не само во кошарката, но и нема да дозволиме лични интереси и меѓусебни коалицирања поради работи што немаа врска со спортот да му наштетат на МЗТ Скопје Аеродром. Одлуката за отстапување од домашното првенство сериозно ќе ја разгледаме во најскора иднина, а ако овој, но и другите уште пожестоки потези кои ги планираме, ѝ наштетат на македонската кошарка, виновници нема да бидеме ние, туку исклучиво раководството на КФМ и нивните коалициски партнери, со потезите инспирирани од лични анимозитети и интереси, а не од желба за развој на македонската кошарка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот