Лажен полицаец „оперирал“ и во Хрватска, ама таму полицијата го фати и ги врати парите
Уапсен е 46-годишен хрватски државјанин кој со измама однел 23.300 евра од 79-годишна жена, пренесе „Индекс“.
Препорачано
По брзата реакција на полицијата, измамникот е уапсен истиот ден на хрватската граница. Целиот износ ѝ бил вратен на оштетената жена, се вели во соопштението на Полициската управа Брод-Посавина.
Измамникот ѝ се јавил на пензионерката по телефон и ѝ се претставил како полицаец. Ѝ кажал дека истражува хакерски напад врз нејзините банкарски сметки. Потоа ја убедил да ги подигне сите пари за наводно да направи проверка која е дел од „истрагата“.
Без да се сомнева во вистинитоста на приказната, жртвата подигнала 23.300 евра од своите сметки, а на 12 декември му ги предала парите на измамникот, кој веднаш заминал и повеќе не се јавил.
Само во последната година, во Македонија во слични измами од повозрасни луѓе беа украдени стотици илјади евра, а најголем дел од измамниците и натаму се на слобода.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
21мин
-
36мин
-
52мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


