Лазаров: Со неумесните изјави Каракачанов билда рејтинг, а трпи економијата!

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров, за Слободен печат истакна дека вжештувањето на отворените прашања во јавноста од страна на дел од бугарските политичари се рефлектира и на економијата, додавајќи дека сепак, и покрај корона кризата, трговската размена меѓу двете земји е задоволителна и е на скоро истото ниво како и минатата година.

– Дел од бугарските политичари не го согледуваат економскиот потенцијал. За разлика од минатото, сега кога имаме економски делегации од Бугарија се повеќе се зборува и за политичките прашања. Се надевам дека Каракачанов и неговите партнери ќе доживеат пораз на изборите во март и нема да успеат да влезат во Собранието. Тоа се фигури – остатоци од комунизмот, соработници на тогашните служби, како КГБ, кои треба да заминат во историјата и да не растеретат од политикантските прашања, на кои единствено билдаат рејтинг, вели Лазаров.

Тој е оптимист дека Македонија ќе ги отпочне пристапните преговори и ќе се одржи Меѓувладината конференција до крајот на годинава, порачувајќи дотогаш дел од пораките од Софија да се примаат смирено и со „ладна глава“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот