Лазаров со една промена пред денешниот реванш во Букурешт

Ракометна сениорска репрезентација на Македонија/Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во Скопје македонската сениорска репрезентација забележа убедлива победа од осум голови разлика (30:22) против Романија во првиот натпревар од првиот дел во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023.

Доколку нашите најдобри ракометари успеат да ја одбранат предноста на денешниот реванш во Букурешт (18.00 часот по локално, 17 часот по македонско време), во вториот бараж како последна пречка на патот кон Мундијалот ќе ги одмерат силите против селекцијата на Чешка.

Селекторот Кирил Лазаров за денешната пресметка направи една промена, за разлика од првиот меч кога во составот беше Марко Митев, на негово место доаѓа десното крило Ненад Костески.

Составот на Македонија за денешниот реванш натпревар против Романија: Митревски, Томовски, Стоилов, Лазаров, Ц. Кузманоски, Талески, Миркуловски, Н. Маркоски, Кузмановски, Костески, Георгиевски, Ојлески, Младеновиќ, Пешевски, Јагуриновски, Атанасијевиќ.

Судиска правда ќе делат Германците Роберт Шулце и Тобијас Тонис, а ЕХФ делегат е Јосип Посавец од Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот