Лазаров „гази“ и на 40 години: Најдобар стрелец во победата на Нант!

фото: твитер/HBCNantes

Вечерва во рамките од третото коло во најсилното француско првенство екипата на Нант со резултат 31:28 триумфираше пред своите навивачи кои беа на трибините против Тулуз.

Голем придонес во новите бодови оваа сезона имаше повторно македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров (40) кој беше прв стрелец запишувајќи шест голови.

Истиот учинок кај неговите тимски колеги го имаат уште Валеро Ривера и Адриан Фигуерас.

Ова е вкупно трета победа по ред и моментно го дели првото место со ПСЖ на нашиот екс селектор Раул Гонзалез со по шест максимални бодови.

Во наредното коло Нант го очекува многу потежок предизвик, на 11 октомври ќе му гостува на исто така до сега непоразениот Монпеље.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот