„Лавовите“ од Ѓорче по изненадување во Ерменија

fkmakedonijagp.mk

Денешната пресметка од првиот натпревар во првото квалификациско коло на Лига Европа во Ерменија ќе започне од 17.00 часот, а реваншот е на 18 јули на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Своите очекувања во пресрет на дуелот ги споделија заменик капитенот на клубот, Дејан Тантуровски и шефот на стручниот штаб, Александар Таневски.

– Мислам дека сосема заслужено стигнавме до тука, денешниот натпревар ќе биде тежок за двете екипи, но ние сме максимално подготвени и се надеваме на позитивен резултат, а тоа е се освен пораз. За противничката екипа Алашкерт имаме голема почит, тие важат за една квалитетна екипа која што веќе 4 години по ред игра во европските натпреварувања. Тоа можеби ги прави фаворит, но јас мислам дека ќе биде сосема неизвесно, а тоа ќе го докажеме ние на денешниот меч – рече Тантуровски.

Тренерот очекува натпревар со добар противник, кој игра допадлив фудбал. Последните неколку години Алашкерт ја претставува Ерменија во европските натпреварувања, ги респектира и ќе влезат неговите фудбалери максимално претпазливо во првите 90 минути.

– Спремни го дочекуваме натпреварот, а неколку добри пријателски натпревари се знак дека сме добро подготвени за она што не очекува. Познавајки ги моите момци кои имаат силен лавовски карактер и многу пати до сега покажаа дека кога е најпотребно знаат да го дадат својот максимум ми дава за право да верувам во добар резултат на денешниот меч – вели Таневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот