Божиновски: Алашкерт е благ фаворит на хартија

Македонија ЃП в четврток (11 јули) со почеток од 17.00 часот против Алашкерт на гостувањето ќе се обиде да оствари поволен резултат пред реваншот во Скопје.

Еден од фудбалерите на Македонија ЃП, Боби Божиновски вели дека екипата на Алашкерт е благ фаворит на хартија, но ѓорчепетровци ќе се обидат да покажат дека на терен тоа не значи ништо.

– Овој натпревар можеби и нема да има многу фудбалска убавина, туку напротив, силна борба на секој дел од теренот. Се надевам дека ние ќе излеземе како победници од таа борба и ќе извлечеме позитивен резултат во првите 90 минути од овој двомеч, а тоа би значело се’ освен пораз – се зборовите на Божиновски.

В четврток освен „лавовите“ од Ѓорче, уште две екипи ќе настапат во квалификациите на ЛЕ, Академија Пандев и Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот