Лапорта подготвува метла во Барселона, девет фудбалери си одат од „Камп Ноу“

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта подготвува големи промени во Барселона без разлика дали Роналд Куман ќе остане на клупата или не. Холанѓанецот има уште една сезона од договорот, но неговите планови во летниот преоден рок може да се изјаловат, односно Лапорта не планира да му ги исполни неговите желби.

Според информациите од Каталонија, во соблекувалната не го сакаат Џорџино Вајналдум бидејќи сметаат дека во нивната академија Ла Масија има доволно талентирани фудбалери кои треба да добијат шанса.
Ситуацијата со втората голема желба на Куман, Мемфис Депај е поинаква. Депај кој на „Камп Ноу’ треба да пристигне како слободен играч, може да и помогне на екипата бидејќи во нападот може да игра на неколку позиции. Но, Лапорта планира уште засилувања, а за да дојде до пари за нив, подготвен е да продаде добар дел од играчите од актуелниот состав.
Според медиумите во Каталонија, на листата за отстрел има девет имиња, а највисоко на неа се наоѓа Фелипе Кутињо кој е најскапото промашување во историјата на клубот. Од поодамна се знае дека Умтити исто така е на листата за заминување, тој минатото лето одби да го напушти клубот,  а идната сезона најверојатно место нема да има ниту за Брајтвајт, Алења, Фирпо, Пјаниќ, Серхио Роберто и Матеус Ферандез. На Осман Дембеле ќе му биде понуден нов договор, а доколку одбие да потпише, тогаш најверојатно ќе си замине. Лапорта ќе се обиде него да го размени за Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот