Ламела за предност на Тотенхем во Скопје (ВИДЕО)

Во борба за топка Деле Али (Тотенхем) и Антонио Павиќ (Шкендија)/Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Само пет минути му беа доволни на Тотенхем да дојде во водство на вечерашниот натпревар од третото квалификациско коло на Лига Европа против Шкендија.

Уште од самиот почеток играчите на Жозе Мурињо ја контролираа топката, како и во текот на целото прво полувреме.

Во петтата минута одбраната на Ернест Ѓока не внимаваше најдобро, брзиот Сон правовремено го пронајде Ламела кој искусно ја испрати топката во мрежата на Захов (0:1).

Ерик Ламела стрелец на водечкиот гол за Тотенхем/Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Тетовските „црвено-црни“ немаа ниту еден удар во рамките на голот на Тотенхем каде што дебитира голманот Џо Харт.

Единствено Нафиу се закани од далечина, но беше многу непрецизен во својата намера.

Тотенхем имаше уште неколку сериозни шанси за зголемување на предноста, но остана непроменет резултат 0:1 по првите 45 минути на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот