Фото: EPA/J.J. Guillén

Ла Лига: Рајо вкуси победа по два и пол месеци, Мајорка ќе се бори за опстанок

Фудбалерите на Рајо Ваљекано ја победија Мајорка со 2:1 на домашен терен во 19 коло од најсилното шпанско првенство.

Првото полувреме беше многу повозбудливо бидејќи беа постигнати сите три гола. Во четвртата минута, Де Фрутос ја искористи асистенцијата на Гарсија за водство од 1:0.

Мајорка одговори преку својот најдобар напаѓач, Муриќи, кој ја искористи асистенцијата на Лато за израмнување на резултатот по половина час игра.

До крајот на паузата, Рајо повторно поведе, а Паласон постигна гол од пенал во 42 минута за позитива од 2:1.

На крајот од натпреварот, од 80 минута, Рајо остана со играч помалку откако Валентин доби директен црвен картон за груб фаул.

Сепак, Мајорка не успеа да ја искористи предноста на теренот и да освои барем еден бод. Рајо сега е на 10 позиција на табелата во Ла Лига со 22 бода, додека Мајорка е на 17 позиција со 18 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот