Квебек планира да ги оданочи граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат

Фото: EPA-EFE/ANDRE PICHETTE

Канадската провинција Квебек работи на план со кој жителите кои одбиваат да се вакцинираат против ковид, а тоа го прават од немедицински причини, ќе бара да дадат „здравствен придонес“ или некој вид данок, изјави премиерот на Квебек Франсоа Леголт.

Болниците во Квебек се под притисок откако поради омикрон почна да се зголемува бројот на пациенти, а се повеќе здравствени работници се заразуваат, пренесува Ројтерс.

„Вакцината е клучна за борба против вирусот“

„Вакцината е клучна за борба против вирусот. Затоа го бараме здравствениот придонес на возрасните кои одбиваат да се вакцинираат од немедицински причини“, им рече Леголт на новинарите на брифингот.

Тој додаде дека треба да ги фокусираат нивните напори на две работи: примање на првата, втората и третата доза од вакцината и намалување на контактите, особено со постарите лица.

„Се работи на финализирање на сумата што треба да се наплати“

Леголт рече дека невакцинираните луѓе им ставаат финансиски товар на вакцинираните жители. Покрај тоа што работи на финализирање на сумата што треба да се наплати, покраината работи и на правниот аспект на таквиот данок, рече тој.

Додека владите воведоа ограничувања за движењето на невакцинираните на глобално ниво, а малкумина воведоа казни за постарите лица, данокот што сите невакцинирани возрасни би морале да го платат може да биде редок и контроверзен потег.

Леголт рече дека иако има околу 10 отсто невакцинирани луѓе во покраината, тие сочинуваат 50 отсто од оние кои се во единиците за интензивна нега.

Луѓето кои не можат да се вакцинираат од медицински причини ќе бидат изземени според предлогот, рече Леголт.

Видео на денот