Никола Бочваров квартет

Квартетот на Никола Бочваров ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар во Скопје

Целовечерен концерт на Никола Бочваров квартет ќе се одржи на 28 октомври, во 20 часот, во Културно-информативен центар – Скопје, во „Салон 19:19“.

Никола Бочваров квартет е еден од најиновативните состави во регионот, составен од искусни музичари кои креираат оригинална музика инспирирана од различни стилови и култури.

Членови на квартетот се Никола Бочваров – бас , Иван Петровски – гитара , Филип Димишковски – клавијатури и Александар Ванчовски – тапани.

Активен од 2020 година, квартетот бележи настапи на повеќе значајни фестивали во регионов: „Нишвил џез-фестивал“, „It’s all about jazz“, „Прилеп џез-викенд“, настап на доделување Орден за заслуги на Македонија, како и многу самостојни концерти.

На претстојниот концерт во Културно-информативен центар – Скопје, репертоарот ќе опфати како постари, така и нови композиции од вториот албум на квартетот, кој сѐ уште не е официјално издаден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот