Квалификации за СП: Македонија денеска ќе го игра првиот меч против Романија

ракометна репрезентација
Романија е првиот противник на Македонија во баражот за пласман на СП/ /Фото: РФМ

Денеска со почеток од 19.00 часот во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје македонската машка сениорска репрезентација ќе го игра првиот натпревар против Романија во првиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство.

За сите љубители на ракометот и спортот, влезници за овој натпревар можете да купите онлајн на „karti.com.mk“.

Од нашиот табор се сигурни дека се подготвени за предизвикот и дека ќе има добри перформанси за овој двомеч.

Познат е составот на играчи на кои ќе смета селекторот Кирил Лазаров за денешната средба:

– Митревски, Стоилов, Лазаров, Кузманоски, Митев, Талески, Томовски, Миркуловски, Н. Маркоски, Кузмановски, Георгиевски, Ојлески, Младеновиќ, Пешевски, Јагуриновски, Атанасијевиќ.

Реванш мечот ќе се игра за два дена на 19 март во Букурешт со почеток од 17.00 часот.

Лазаров: Добро ќе се подготвиме за Романците и за „изненадувањата“ на Чави Паксвал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот