Квалификации за ЛШ: ПСВ подобар од Монако, пресврт на Динамо Киев

Фудбалерите на ПСВ ја слават победата над Монако/фото: EPA-EFE/Olaf Kraak

Фудбалерите на ПСВ Ајндхоцен и Динамо Киев последни обезбедија пласман во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите откако мораа да играат продолженија против Монако, односно Штурм.

ПСВ во реваншот по продолженијата го елиминира Монако со 3:2, откако во регуларните 90 минути беше 2:2, а првиот натревар во Монте Карло исто така заврши без победник (1:1).

ПСВ поведе преку Верман во 21. минута, но Монако направи пресврт со головите на Марипан во 58. минута и на Бен Једер во 70. минута. Холанѓаните успеаја да израмнат во 89. минута преку Гутиерез, а потоа во 109. минута со голот на Лук де Јонг да победат и да обезбедат пласман во плеј-офот за ЛШ.

Динамо Киев со два гола во продолженијата по 15 минути успеа да направи пресврт и да го елиминира со 1:2.
Првиот натпревар заврши со 1:0 за украинскиот тим, а Штурм со голот на Хојлунд во 27 минута ја анулира негативата и со тој резултат заврши регуларниот дел.

Сепак, во судиското продолжение Динамо прво во 97. минута израмни преку Вивчаренко, а Циганков  во 112. минута го постигна голот за победа и пласман во плеј-офот.

Во плејофот за квалификациите за Лигата на шампионите, Динамо Киев ќе игра против Бенфика, а ПСВ против Ренџерс.

Резултати:

Жалгирис – Бодо/Глимт 1:1 (0:5 прв натпревар)
Аполон – Макаби Хаифа 2:0 (0:4)
Пјуник – Црвена звезда 0:2 (0:5)
Викторија Плзен – Шериф 2:1 (2:1)
Митјиланд – Бенфика 1:3 (1:4)
Динамо Загреб – Лудогорец 4:2 (2:1)
Ференцварош – Карабак 1:3 (1:1)
ПСВ Ајндховен – Монако 3:2 прод. (1:1)
Штурм – Динамо Киев 1:2 прод. (0:1)
Ренџерс – Унион Ројал 3:0 (0:2)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот