Квалификации за Лига на Европа: Шкупи во реваншот во Скопје ќе брка два гола негатива

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалерите на Шкупи загубија со 3:1 на гостувањето кај Шамрок Роверс во првиот натпревар од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа.

Македонскиот шампион може да жали што во реваншот кој ќе се игра идната недела ќе брка два гола негатива бидејќи прими гол во последните моменти од натпреварот, во 97 минута.

Шамрок поведе во 13 минута преку Грахам Бурк од пенал откако претходно најновото засилување на Шкупи, Алберт Диене направи непромислен прекршок во сопствениот шеснаесетник.

Ирскиот тим во 29 минута поведе со 2:0 откако Вотс со гол ја круниса одличната акција која започна во сопствената половина.

Во второто полувреме, Шкупи со голот на Куевен успеа да намали на 2:1. Во 77 минута, Бразилецот со фантастичен шут од 30-тина метри успеа да го совлада голманот на Шамрок, Манус.

Но, во финишот Шкупи не успеа да ја задржи минималната негатива, прво во 84. минута остана со играч помалку по црвениот картон на Хамиди Сето, а потоа во 97 минута прими гол за 3:1. Стрелец на последниот гол на средбата беше О’Нил. Реванш натпреварот ќе се игра идната недела во Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот