Курти: Непризнавањето од Србија причина за застој на регионалните иницијативи

Албин Курти / Фото: ЕПА

Премиерот на Косово, Албин Курти во изјава за медиумите, го објави својот предлог на Самитот на лидерите на Западен Балкан, истовремено велејќи дека причината за стагнацијата на регионалните иницијативи е непризнавањето на Косово од страна на Србија.

– Бев и на друга регионална конференција во Солун. Дадени беа разни иницијативи кои ги прават заедно балканските лидери. Треба да се напомни дека во мојот говор констатирав дека се додека шест балкански земји не се во ЕУ, таа не е целосна. Косово е во најтешка ситуација, бидејќи нема визна либерализација. Ние сме решени да ги спроведеме бараните реформи, истакна Курти.

Тој додаде дека регионалните иницијативи заостануваат затоа што недостасува признавање на Косово од Србија.

– Признавањето од страна на Србија ќе создаде ситуација земјите да се движат побрзо кон ЕУ. Вредностите на ЕУ исто така треба да бидат вметнати во односите меѓу земјите, само економскиот пазар не е доволен. На крајот дадов предлог за тоа како можеме да одиме напред, тоа е моделот на европскиот економски договор. Влегуваме како заеднички регион во односите со ЕУ во однос на економијата и трговијата. Да се премине од ЦЕФТА во ЕФТА ЕЕА, наведе Курти.

Тој посочи дека многу значајно е на „ Албанија, Црна Гора и Северна Македонија во признавањето на Косово да и се придружи Србија”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот