Куманово, Академија ФМП и ТФТ ги дознаа ривалите во Балканската лига

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе ја претставуваат Македонија сезонава во АБА2 лигата/Фото: kfsm.mk

Првата фаза од новата сезона во БИБЛ лигата е реализирана, во седиштето на Лигата на Балканот во Софија, денеска беше извршена жрепката на двете натпреварувачки групи за сезоната 2021/2022.

Македонија ќе има три свои претставници во екипите на Куманово 2009, ТФТ и за првпат во кратката историја на постоењето, Академија ФМП.

Согласно со системот за натпреварување, во новата сезона ќе се натпреваруваат 10 екипи, поделени во две групи по пет. Со оглед на тоа дека имаме три претставници, за очекување беше дека во една од групите, во овој случај, групата „А“, ќе следиме „македонско дерби“.

За пласман во втората, елиминациска фаза ќе играат Куманово 2009 и ФМП Академија. Покрај во првиот круг ќе играат Хапоел Галил Гилбоа, Балкан од Ботевград и косовскиот Пеќ.

Екипата на ТФТ е во групата „Б“ во која ќе се натпреваруваат уште и екипите на Ирони Нахарија, Академик од Пловдив, Берое – Стара Загора и Сигал Приштина.

Менаџментот на БИБЛ лигата остави простор во групите да има уште по една екипа од некои од заинтересираните федерации како Романија и Црна Гора.

СОСТАВИ НА ГРУПИТЕ ВО БИБЛ ЛИГАТА

ГРУПА „А“: Хапоел Галил Гилбоа (Израел), Балкан (Бугарија), Куманово 2009 (Македонија), ФМП Академија (Македонија), Пеќ (Косово)

ГРУПА „Б“: Ирони Нахарија (Израел), Академик Пловдив (Бугарија), ТФТ (Македонија), Берое (Бугарија), Сигал Приштина (Косово)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот