Фото: Wikimedia Commons

Кумановец е уапсен, во кола му нашле секакви калаузи и алатки за арамилак

40-годишен кумановец вчера е уапсен откако полицијата во автомобилот му нашла универзални клучеви и разни други алатки за отворање брави, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело”. На 14.01.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое биле пријавениот со уште едно лице, при што во возилото биле пронајдени и одземени 28 универзални клучеви за отворање брави и разни алатки за отварање на брави и други предмети“, пишува во полициското соопштение.

ВИДЕО: Бегалецот Саитов уште на 17 години се снимал како дивее со „Пасатот“ со кој ја прегази Љуба Јаковлеска во Капиштец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот