Куман ќе биде новиот холандски селектор по завршувањето на Мундијалот

Роналд Куман од 2023 година ќе ги води холандските „лалиња“/Фото: EPA-EFE/ROMAN RIOS

Холандската фудбалска федерација денеска објави дека по завршувањето на Светското првенство, кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во Катар, нов селектор на најдобрата репрезентација ќе биде Роналд Куман од 2023 година.

Куман, кој веќе ги водеше „лалињата“ од февруари 2018 до август 2022 година, ќе го наследи Луј Ван Гал кој претходно оваа недела најави дека ќе се пензионира по СП и ќе се посвети на лекувањето на ракот на простата од кој боледува.

Со холандската репрезентација Куман стигна до финалето во УЕФА Лигата на нации во 2019 година, по што следуваше трансферот во Барслеона чија епизода заврши неславно и доби отказ поради лошите резултати.

Потсетување дека Холанѓаните на Мундијалот се наоѓаат во групата „А“ заедно со Еквадор, домаќинот Катар и Сенегал.

– Се радувам на новата соработка. Пред нешто повеќе од една и пол година, секако не ја напуштив холандската репрезентација од незадоволство. Се чувствував добро во мојот престој, резултатите беа добри и врската со играчите беше добра. Наскоро ќе продолжиме по тој пат, тоа е сигурно – вели Куман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот