Кулинарски техники: Како да замрзнувате и одмрзнувате тесто

Понекогаш се случува да замесите повеќе тесто отколку што ви е потребно за печење колачи, погачи или други видови печиво. За да не исечете големи количини, подобро е тестото да го замрзнете и да го користите другпат.

Пред да го ставите во замрзнувач, добро измесете го. Потоа ставете го во најлонско ќесе и убаво притиснете да нема воздух, па оставете го да се замрзне. Тестото можете да го замрзнете и во посебна кутија за замрзнување.

Кога треба да го одмрзнете тестото и да го употребите, тоа не оди брзо. Треба да чекате додека целосно се одмрзне. Не го одмрзнувајте во микробранова печка, бидејќи нема да ви нарасне во тек на печењето. Оставете го на собна температура и не чекајте да стаса пред печење. Дури и ако во него има прашок за печиво или квасец, не треба да стасува пред печење.

Уште полесно е бавно одмрзнување на тестото во фрижидер. Ако го користите по неколку часови, оставете го во фрижидер каде што постепено ќе се одмрзнува.

Замрзнатото тесто има ист квалитет како пред замрзнувањето. Не го одмрзнувајте во топла соба, затоа што неговиот горен дел како ќе се одмрзнува ќе стасува, а внатрешноста ќе остане замрзната. Исто така не се препорачува да ја ставите кутијата (или ќесата) со тесто во лонец со топла вода.

По одмрзнувањето, добро размесете го и нека се одмори 15-ина минути. Веднаш печете го во рерна загреана на потребната температура што е помеѓу 170 и 190 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот