Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Фарфарели со карамелизиран кромид, печурки и спанаќ

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Приготвувањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и на моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска ви го претставуваме нејзиниот рецепт за фарфарели со карамелизиран кромид, печурки и спанаќ.

– Никој не може да им одолее на вкусни тестенини, затоа ви го подарувам овој рецепт – вели Крстаноска.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

– 230 грама тестенини машнички
– 300 грама свежи печурки
– 250 грама неутрална хопла
– 150 грама спанаќ
– 40 грама рендан пармезан
За карамелизиран кромид:
– 2 поголеми кромиди (сечени на тенки кругови)
– 1 лажица балсамико крем

Подготовка:

Сварете ги тестенините, па зачувајте од водата во која сте ги вареле.
Запржете го кромидот со масло на јака температура околу 10 минути, со привремено мешање. Треба да добие златна боја и внимавајте да не изгори.
По десет минути, намалете на средна температура и пржете уште десет минути, па посолете со постојано мешање. Треба да се пржи околу 25 минути за целосен ефект.
Тргнете настрана и ставете една лажица балсамико крем и промешајте.
Исечкајте ги печурките и запржете ги. Потоа додајте им го спанаќот, а потоа и хоплата и оставете малку да зоврие.
Намалете на средна температура, па додајте го пармезанот и карамелизираниот кромид. Посолете, додајте ги машничките и промешајте.
Доколку ви е премногу густо, додајте од водата во која се вареле тестенините. Оставете неколку минути убаво да се загрее и послужете.
На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот