Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Царска пита

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Спремањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска Ви го претставуваме нејзиниот рецепт за царска пита.

– Колоритна, вкусна, премека и брза за подготовка. Децата кај мене ја обожаваат. Пробајте ја и нема да згрешите – вели Крстаноска.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 100 гр палента
  • 170 гр брашно
  • 1 печиво
  • малку сол
  • 150 гр шунка
  • 100 гр кисели крставички
  • 200 гр.сирење по избор

Подготовка:

Изматете ги јајцата во чинија, па додајте ги јогуртот, маслото, солта, палентата, брашното и печивото. Изматете ги со миксер и додадете ги исечканите краставички, салама и дробено сирење, кои се мешаат со лажица.

Ставете ја смесата во намрсен плен, ставете сусам од горе и печете некои 40 минути на 180 степени, дури да зарумени во загреана рерна.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот