22 C
Скопје

Кучињата на Бајден отстранети од Белата куќа поради агресивното однесување

Двата германски овчари кои им припаѓаат на Џо Бајден и првата дама Џил Бајден се вратени минатата недела во семејната куќа на Бајден во Делавер поради агресивното однесување на кучето Мејџор во Белата куќа, открива Си-Ен-Ен.

Кучето Мејџор, кого Бајден го вдоми во ноември 2018 година од засолниште за животни во Делавер, наводно каснал член на обезбедувањето на Белата куќа. Точната состојба на жртвата не е позната, но инцидентот бил доволно сериозен, така што кучињата морале да се дислоцираат од Белата куќа во Вилмингтон во Делавер, каде и ќе останат.

Според Си-Ен-Ен, Мејџор, кој има три години, неколкупати ги нападнал персоналот и обезбедувањето на Белата куќа.

Постариот од германските овчари на Бајден, Шампион има околу 13 години.

Кучињата беа донесени во Белата куќа во јануари, неколку дена по инаугурацијата на Бајден.

Мејџор влезе во историјата како прво вдомено куче кое се вселило во Белата куќа.

ФОТО | Милениците на претседателот Џо Бајден: Во Белата куќа за прв пат живее посвоено куче од прифатилиштето

Поврзани вести

Бен Афлек ѝ испратил видео: Нивин Џеј го откачила актерот мислејќи дека е лажен профил и сега се кае

Слободен Печат

Белгиски земјоделец „по грешка“ ја поместил границата со Франција

Слободен Печат

ВИДЕО: Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу со извонредна изведба на македонската песна „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески

Слободен Печат

Нашиот музичар Гоце Талевски ја изгуби битката со коронавирусот

Слободен Печат

По долго отсуство од социјалните мрежи се огласи Адел – со посебна причина

Слободен Печат

ГАЛЕРИЈА: Ова е Давид Неделковски – козар кој се чувстува како Козак – слободен човек, во хармонија со природата, на пасиштата од својот прадедо

Мими Стојановска

Остави Коментар