ФОТО | Милениците на претседателот Џо Бајден: Во Белата куќа за прв пат живее посвоено куче од прифатилиштето

Twitter
Twitter

Џо Бајден е најстариот претседател во историјата, а Камала Харис првата жена потпретседател, но тоа не е сѐ бидејќи за прв пат во Белата куќа ќе живее и куче посвоено од прифатилиште. Џо Бајден и сопругата Џил го посвоиле Мејџор, германски овчар, пред две години.

Од прифатилиштето за миленичиња до Белата куќа, како приказна од бајките за едно куче, вели Кити Блок, претседател на Здружението за заштита на животните (ХСУС).

Од здружението се надеваме дека ова ќе биде инспирација за повеќе американски граѓани да посвојуваат наместо да купуваат миленичиња, рече Блок, која се надева дека трендот на купување расни кучиња ќе се промени.

Во 2008 година, семејството Бајден го купил германски овчар Чемп, од професионална одгледувачница. Тоа било исполнување на ветувањето на Џо до Џил доколку на изборите победи Барак Обама. Обама им го ветил истото на своите деца, па португалскиот Вотер Дог Бо пристигнал во Белата куќа. Активистите за заштита на животните во тоа време не беа задоволни што кучињата беа купени, а не посвоени, па семејството Бајден, кога се одлучиле за уште едно домашно милениче во 2018 година, се решиле тоа да биде милениче од прифатилиште.

 

Во 2008 година, во Америка, 41 процент од кучињата биле купени во одгледувалници или продавници за миленичиња, а околу една четвртина од нив биле посвоени. До 2018 година, последната за која се достапни податоците, трендот е обратен – купени се 28 проценти од кучињата и посвоени 36 проценти. Се претпоставува дека во 2020 година, година во која луѓето беа изолирани во своите домови, згрижувањето станало уште почеста пракса.

По четири години без миленичиња во Белата куќа, двегодишниот Мајор и 12-годишниот Чемп се новите домаќини. Но, може да има повеќе, а Бајден додаде дека семејството сака да го прошират и со една мачка по има Хина

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот