Кубанскиот десен бек Хернандез го одби Вардар

фото: твитер

25-годишниот играч одлучи да ја продолжи соработката со Порто, а следната сезона ќе игра како позајмица во Катар.

Иако се шпекулираше дека е можно да направи трансфер во редовите на македонскиот и европски шампион, Анхел Хернандез одлучи да го продолжи договорот со Порто.

25-годишниот десен бек до 2025 година ќе биде играч на португалскиот клуб, а следната сезона ќе игра на позајмица во катарската екипа на Ал-Духаил.

Оваа сезона за Порто имаше учинок од 63 голови во 27 одиграни натпревари.

Вардар е во потрага по нов десен бек, бидејќи на таа позиција моментно го има само Томислав Јагуриновски (21) кој дојде од Металург.

Една опција отпадна, но и натаму имиња, поточно десни бекови кои се поврзуваат со „црвено-црните“, тие се Марко Вујин (Спортинг), Јосип Векиќ (ППД Загреб), Гашпер Храстник (ППД Загреб) и Еивинд Танген (Скјерн).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот