Толедо и официјално го напушти Вардар, Вујин наскоро во Скопје!?

фото: твитер

Досега поранешниот српски репрезентативец Вујин ги бранеше боите на португалскиот клуб Спортинг…

И дефинитивно бразилскиот интернационалец Жозе Толедо од следната сезона ќе има нов клуб, станува збор за Баја Маре, ова е потврдено од страна на романската екипа.

Така, сега Вардар останува моментно со еден десен бек, младиот Томислав Јагуриновски кој дојде од редовите на РК Металург.

„Црвено-црните“ се во потрага по нов искусен десен бек, според „Балкан-Хандбал“ можно е наскоро во Скопје да дојде 36-годишниот српски ракометар Марко Вујин.

Досега овој „бомбардер“ ги бранеше боите на португалскиот состав на Спортинг, своевремено еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампионите носејќи го дресот на Кил и Веспрем, но никогаш досега нема вкусено европска титула во елитното клупско натпреварување.

Изворот вели дека на Вардар му е потребно големо име да го подигне расположението на ракометната јавност и на тој начин испрати порака до конкуренцијата.

Претходно со клубот се разделија уште Гедбан, Кугис, Горбок, Скубе, Шишкарев и Сикошек Пелко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот