Крвната група одредува кој е вашиот идеален чај

Unsplash
Unsplash

Чајот е исклучително здрав пијалак, но дали знаевте дека влијанието на таа течност врз вас зависи и од вашата крвна група? Во продолжение, следете ги најдобрите комбинации на билки за секоја крвна група.

Unsplash
Unsplash

Крвна група А

Овие луѓе се карактеризираат со емоционалност и аналитичност и се прилично склони кон стрес. За луѓето со оваа крвна група идеален е тајванскиот зелен чај, честопати наречен барут, или пак чист чај од цвет од јасмин во комбинација на зелен чај од типот Јинг Хао. Исто така се препорачуваат невен и мајчина душица, кои имаат позитивно влијание врз здравјето оваа крвна група.

Unsplash
Unsplash

Крвна група Б

Луѓето со оваа група имаат побавен метаболизам, тие се склони кон автоимуни болести, дебелина, летаргија и вознемиреност. Затоа им треба зелен чај, или органски робиос, познат како чај од африканска црвена грмушка. Црвените чаеви без адитиви кои ја освежуваат и ја подобруваат циркулацијата се исто така добар избор за оваа крвна група.

Unsplash
Unsplash

Карактеристично кај лицата со Б крвна група е што се особено интуитивни и склони кон стрес, но имаат и намалено либидото. Затоа и се препорачува да се конзумираат и одредени видови зелен чај, чај од божур и некои видови на жолти чаеви. Особено се препорачува мешавина од зелен чај и нане. Добра комбинација исто така е коприва со нане, што е многу добро делува по здравјето на оваа крвна група.

Unsplash
Unsplash

Крвна група 0

Луѓето кои имаат нулта крвна група треба да избегнуваат млеко и глутен. Овие луѓе одлично се справуваат со стресот, но последицата често е болка во стомакот или проблеми со задржување на вишок течности во телото. На овие луѓе им се препорачува чај на база на ѓумбир или мешавина од ѓумбир и чист јапонски чај Санчо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот