Затвор илустрација/ Фото Petrášek Radek / ČTK / Profimedia

Крвав заплет во грчки затвор: локален мафијаш тргнал да пука во Бугарин, завршил со три куршуми во главата

Пукањето се случило во просторија без безбедносни камери, опишана од полициски извори како единствената „слепа точка“ во затворот. Според сведоци, Антонис Пападатос влегол во просторијата вооружен, но можеби бил намамен таму.

Грчката полиција ја истражува смртта на затвореник, застрелан во затворот Домокос кај Ламија во централна Грција, како можна нарачана ликвидација, а не како спонтан инцидент, објави „Катимерини“.

Антонис Пападатос бил застрелан трипати во главата во неделата навечер во затворот. Тој издржувал казна затвор за убиството на хотелскиот бизнисмен Димис Корфијатис на островот Закинтос во 2021 година.

Осомничениот напаѓач, бугарскиот државјанин С.Р., познат како „Разван“, издржува доживотна казна затвор за убиството на грчко-австралискиот бизнисмен Џон Макрис пред неговиот дом во атинското предградие Вула во октомври 2018 година. За време на инцидентот присутни биле началникот на стражата во затворот и, според некои информации, уште еден затвореник – Албанецот Алкет Ризај.

Истрагата ја води Секторот за безбедност во Ламија со поддршка од Дирекцијата за борба против организиран криминал.

Пападатос сакал да го убие бугарскиот затвореник

Пукањето се случило околу 19 часот во просторија без безбедносни камери, опишана од полициски извори како единствената „слепа точка“ во затворот, која вообичаено се користи за состаноци.

Според сведоци, 42-годишниот Пападатос влегол во просторијата вооружен. Началникот на стражата тврди дека Пападатос имал намера да го убие него, но бугарскиот затвореник му го одзел оружјето и потоа го застрелал.

Падна злогласен мафијаш во Грција, убил големи луѓе од подземјето

Самоодбрана или искалкулирана ликвидација?

Истражителите, сепак, ја доведуваат во прашање оваа верзија на настаните, прашувајќи: „Зошто, откако му го одзел оружјето, го застрелал трипати во главата?“

Надлежните посочуваат дека „Разван“ наводно го намамил Пападатос на локацијата, велејќи му: „Ајде во канцеларијата на началникот, нè бара“, според една од верзиите на настаните.

Началникот на стражата поднел оставка по барање на Генералниот секретаријат за политика против криминал поради „несовесно извршување на службените должности“.

Пред две години, тој бил прогласен за одговорен за бегство на албански затвореник за време на неправилно одобрен излез од затвор.

Ова е второ убиство во затвор годинава, по јануарското смртно прободување во затворот Коридалос, кое исто така се поврзува со нарачно убиство.

Турска мафија ровари во Грција, „Далтони“ пукаа врз грчки агенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот