Фото: Креирана илустрација

Падна злогласен мафијаш во Грција, убил големи луѓе од подземјето

Грчката полиција денеска уапси маж за кој се верува дека е припадник на голема криминална група, наводно предводена од етнички Грк од поранешниот Советски Сојуз, познат по прекарот „Ентик“, објави „Катимерини“.

Полицијата пронашла пиштол со рамка кај 35-годишниот маж во Каливија, населба во Источна Атика.

Според проценките на надлежните, осомничениот е поврзан со повеќе убиства и обиди за убиства во грчкото подземје.

Турска мафија ровари во Грција, „Далтони“ пукаа врз грчки агенти

На 9 јули, тој беше осуден на 35 години затвор за учество во убиството на Јанис Скафтурос, истакната фигура на грчкото криминално подземје, кој беше убиен во мај 2022 година во Скурта, во областа Виотија, во централна Грција.

Тој беше осуден и како соучесник во двојното убиство во 2023 година на наводни членови на грчката мафија, Василис Рубетис и Дионисис Музакитис, во атинското предградие Коридалос, како и за обид за убиство во јули 2023 година во Пиерија, во северна Грција.

Исто така, од март годинава против него е на сила потерница поради вмешаност во убиството на мафијашот Вангелис Замбунис, извршено во јануари 2024 година во населбата Неос Космос во Атина.

Грција нема да го предаде Аце „Циганот“ на Македонија: гангстерот што ладнокрвно изрешета човек во Скопје сега води бизнис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот