Крвав инцидент под Шар Планина – 12-годишно момче избоде девојче во призренско училиште
Вчераутро во основно училиште во Призрен, во подножјето на косовската страна од Шар Планина, се случил ужасен напад – дванаесетгодишно дете со нож нападнало и тешко повредило девојче, јавија локалните медиуми.
Препорачано
Девојчето, кое има 14 години, има убодни рани и сериозно е повредено, откако влегло во кавга со две години помладото момче. Оваа вест ја потврди портпаролот на полицијата во регионот Призрен, Шаќир Битиќи, нагласувајќи дека полицијата веднаш реагирала по пријавата и дека сите надлежни служби се вклучени во истрагата на случајот.
Жртвата е итно префрлена во Регионалната болница во Призрен и примена на Одделот за итни случаи. Според косовските медиуми, девојчето не е во животна опасност, но повредите се оценети како сериозни.
Битиќи, исто така, изјави дека осомниченото момче е однесено во полициска станица од страна на членови на семејството, по што бил сослушан во присуство на претставници на стручни служби.
Понатамошната работа на случајот ја презема единицата одговорна за малолетничка деликвенција, која ќе ги утврди сите околности на инцидентот, вклучувајќи го мотивот за конфликтот и евентуалната одговорност на возрасните.


