Крстевски: Го забораваме Левице, одиме во Осло да ја „репризираме“ Гевгелија

фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Крстевски одигра добар натпревар во Левице против Словачка. Но на крајот, неговите, и напорите на другите наши играчи не се покажаа како доволни да се продолжи победничката серија во вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Словаците славеа победа (82:73), па сега имаме само една победа повеќе од нив во групата „Д“, во пресрет на последното шесто коло од претквалификациите.

– Штета за поразот, имавме добри моменти на натпреварот во Левице. Пред сè на почетокот на третата четвртина, кога имавме отворени ситуации за шут, меѓутоа не ги реализиравме. Од друга страна противникот имаше одличен шутерски ден, заокружен со реализација на 14 тројки, со висок процент на реализација – рече Крстевски.

И покрај првиот пораз во овој круг, Крстевски верува и се надева дека и покрај напорите кои со себе ги носи овој ритам на играње во квалификациите, и двете „врзани“ гостувања, во Осло можеме да ја повториме играта од Гевгелија каде што избраниците на селекторот Александар Јончевски триумфираа над Норвежаните со 58:36.

Не ја искористивме првата „меч-топка“, прв пораз за кошаркарите во претквалификациите за ЕП

– Сите овие случувања во Левице ги оставаме зад нас. Впрочем и немаме многу време за анализа, уште помалку за одмор. Имаме и долг пат пред нас до Осло. Би сакал да ја повториме доминантната игра против Норвешка од натпреварот во Гевгелија и да се радуваме на пласман во квалификациите. Мислам дека го заслужуваме тоа – вели Крстевски пред тргувањето за Осло.

Во вториот меч од петтото коло Данска ни направи „услуга“ откако ја совлада Норвешка во скандинавската пресметка со 69:57. Тоа значи, дека Норвежаните ги загубија шансите за првото место, а ние со каков било триумф против нив на 26 февруари нè остава на првото место на табелата за директен пласман во главните квалификации за ЕП.

Претквалификации ЕП 2025

Група „Д“

Последно, 6. коло, двојки (26 февруари)

15.30 часот: Данска – Словачка
18.00 часот: Норвешка – Македонија

Табела

1.Македонија 5 4 1 357:334 9 бодови

2.Словачка 5 3 2 367:365 8

3.Норвешка 5 2 3 339:330 7

4.Данска 5 1 4 355:381 6

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот