Не ја искористивме првата „меч-топка“, прв пораз за кошаркарите во претквалификациите за ЕП
Кошаркарската репрезентација на Македонија денес го претрпе првиот пораз во претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година, Словачка беше подобра со 82:73.
Препорачано
Домаќинот подобро го отвори натпреварот и поведе со 11:3 по две ипол минути игра, а Македонија првите поени ги постигна со тројката на Робев, потоа на тој начин реализираа Војдан и Крстевски. Со серија од 2:6 успеавме да се вратиме резултатски (17:15). Сепак до крајот на првата четвртина Словачка повторно беше подобра, а ние не постигнавме поени, па губевме со 22:15.
Во вториот период одново видовме нешто подобра од игра на нашите кошаркари кои со серија од 10:0 дојдоа до првото водство на натпреварот 27:29. За жал таквата игра не успеавме да ја задржиме и во продолжение, па на пауза домаќините водеа со 44:38.
Третата четвртина беше нашиот најлош период, постигнавме само осум поени, а примивме 17, па Словачка веќе има шредност која тешко се стигнуваше. Во финишот од натпреварот се вративме на 77:70, сепак немавме сили, ниту време за нешто повеќе.
Шортс со 23 поени беше прв стрелец кај нас, Крстевски имаше 14 поени, на другата страна Крајчович имаше исто 23 поени, Бродзијански запиша 18.
И со овој пораз остануваме во игра за првата позиција на табелата кое е единствено место кое води води директно во квалификациите, за да го задржиме потребно е да ја победи Норвешка во недела.


