Кривичниот суд ќе суди само итни и неодложни предмети

Оттаму апелираат до граѓаните и сите  адвокати, обвинители, вештаци и сведоци доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата.

Основниот кривичен суд – Скопје, во следниот период ќе продолжи со судење само на итните и неодложни предмети односно притворски и кривични предмети со други мерки за обезбедување присуство на обвинетите, кривични предмети за кои постои опасност од застарување, кривични предмети кои се во фаза на донесување одлука како и сите други кривични предмети и обврски опфатени во објавената одлука на Судскиот совет, информираат од Кривчниот суд.

-Со цел заштита на странките во постапката и судските службеници од ширење на корона вирусот, судот ги известува сите граѓани кои имаат добиено писмена или усна покана за судење насрочено во следните 30 дена, дека на влезот од судската зграда од утре преку посреден контакт со судската полиција, односно преку шалтерот за прием, ќе бидат известени дали предметот за кои се повикани ќе се одржи, а доколку не кога и како ќе бидат известени за следно судење, велат од Кривчен суд.

Оттаму апелираат до граѓаните и сите  адвокати, обвинители, вештаци и сведоци доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата и доколку не се повикани од судот непотребно да не влегуваат во судската зграда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот