„Кривата кула“ во Болоња затворена поради страв од колапс

Крива кула во Болоња / Фото: Filippo Carlot / imago stock&people / Profimedia

Историската кула во северниот италијански град Болоња беше затворена за јавноста во текот на викендот поради загриженоста за нејзината стабилност. Кулата Гарисенда веќе е навалена, но сензорите открија необично и „загрижувачко“ движење.

Структурата е под блиска опсервација со месеци поради зголеменото движење поради слабите темели, пишува Еуроњуз.

„Работиме да направиме се што треба да се направи“, рече градоначалникот на градот Матео Лепор за време на состанокот на советот.

Областа околу кулата Гарисенда во Болоња е затворена додека научниците од градскиот универзитет ја следат структурата за движење. Историскиот споменик бил изграден помеѓу 1109 и 1119 година и е една од таканаречените „кули близначки“ во Болоња заедно со повисоките Асинели, на кои туристите можат да се искачат.

Гарисенда е висока 48 метри и некогаш била една од десетиците средновековни кули низ градот изградени од аристократски жители за да го покажат своето богатство.

Структурата веќе се наведнува под агол од четири степени – само малку помалку од познатиот наклон од пет степени на кривата кула во Пиза. Сега, откривањето на „аномални осцилации“ поттикна затворање на патиштата околу структурата за да се овозможи детално следење на потенцијалната нестабилност.

Комитет од научници инсталираа акустични сензори кои ќе детектираат крцкање или пукање, заедно со нишало за следење на движењето. Патиштата ќе останат блокирани до петок, а соседната кула Асинели исто така е затворена за посетители.

Насочувањето на сообраќајот подалеку од областа околу кулата не беше поради страв од безбедност, туку за да им се овозможи на сензорите да снимаат попрецизни податоци, рече градоначалникот Лепор.

Гарисендата е навалена веќе неколку векови – во 14 век била скратена за десет метри поради стравувањата од колапс – и претрпе неколку интервенции во текот на децениите. Челични ленти беа поставени околу кулата во 2019 година, а темелите беа зајакнати со малтер во 2022 година, но работите се чини дека не го решија проблемот.

Лусија Боргонзони, потсекретар во Министерството за култура на Италија, го критикуваше пристапот на локалниот совет. Зборувајќи за италијанскиот печат во неделата, таа рече дека е „загрижена“ поради досега откриените осцилации. Таа, исто така, сугерираше дека научниот тим задолжен за следење на структурата во последните пет години „ја потценил ситуацијата“.

Таа додаде дека владата ќе одвои околу 5 милиони евра од италијанскиот Национален план за закрепнување и отпорност (НРРП) финансиран од ЕУ за реставрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот