Кристијано Роналдо шампион на социјалните мрежи: 200 милиони следбеници на Инстаграм

„Вау, 200 милиони !!! Благодарние на сите вас што го споделувате ова патување со мене секој ден!! “, напишал Роналдо на Инстаграм.

Фудбалскиот ас е првиот на светот што стигна до финишот – постави рекорд на социјалните мрежи со бројка од 200 милиони следбеници на Инстаграм! Неверојатната бројка ја прослави со видео од неговата кариера и најблиски луѓе.

„Вау, 200 милиони !!! Благодарние на сите вас што го споделувате ова патување со мене секој ден!! “, напиша шампионот кој сакаше да ги сподели со фановите сите најважни моменти од неговиот живот. На видеото е прикажано како од дете се „бори“ со топката, првите акции на теренот и незаборавните освоени пехари,екипите во кои играл, тренинзите, титулите…Потоа, тука е и неговото семејство со пораката  „family and friends always” (семејството и пријателите засекогаш), партнерката Геордина и децата, раѓањето на неговото девојченце. Накусо, еден дел од видеото е посветен на животот на шампионот надвор од фудбалскиот терен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот