Крис Пол стана шестиот кошаркар во историјата на НБА лигата со 10.000 асистенции

epa08932228 Phoenix Suns guard Chris Paul (L) dribbles away from Washington Wizards Robin Lopez (R) and Raul Neto (T) in the fourth quarter of the NBA basketball game between the Phoenix Suns and Washington Wizards at the Capitol One Arena in Washington, DC, USA, 11 January 2021. EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS SHUTTERSTOCK OUT

Бекот на Феникс санс, Крис Пол е шестиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 10.000 асистенции во кариерата.
Пол во победата на неговиот Феникс над ЛА Лејкерс учествуваше со 11 поени, 10 скокови и 13 асистенции, а токму деветтата му беше и 10.000 асистенција во кариерата.
Пред Пол се наоѓаат само пет кошаркари, Ирвин Меџик Џонсон, Марк Џексон, Стив Неш, Џејсон Кид и Џон Стоктон.

На бекот на Феникс му недостасуваат 137 асистенции за да го помине Меџик Џонсон на вечната листа на најдобри асистенти и за очекување е тоа да се случи уште оваа сезона.
Интересно е што на Пол му недостасуваат нешто повеќе од 500 поени за да стане првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој постигнал повеќе 20.000 поени и 10.000 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот