Креаторот на „Squid Game“ потврди дека ќе има втора сезона

Squid Game/ Twitter
Squid Game/ Twitter

Фановите на најгледаната серија на Нетфликс веќе некое време развиваат теории за можна втора сезона, а истите се сега и официјално потврдени откако режисерот и креаторот на јужнокорејската дистопична „Squid Game“, Хванг Донг Хјук, потврди дека веќе е во преговори за снимање на продолжението на приказната.

– Ќе има втора сезона, но кога, не би можел да ви откријам сега. Имаше толку голем притисок, толку голема побарувачка и толку многу љубов за втора сезона. Речиси се чувствувам како да не ни оставате избор. – изјави Хванг во интервју за „AP News“ на црвениот тепих за време на специјалната холивудска проекција, организирана во чест на успехот на серијата.

– Се е во мојата глава. Ја имам основната приказна, широкиот план, така што сега сме во фаза на размена на идеи. – додаде Хванг, потврдувајќи дека ликот Сеонг Ги Хун (Ли Џунг Џе) ќе се врати. Нетфликс допрва треба да ја искоментира најавата.

Во октомври, во интервју за „Times“, Хванг откри дека тогашната идеја за потенцијална втора сезона на серијата е таа да се фокусира на приказната за мистоериозниот „Фронтменот“, човекот кој го предводеше смртоносниот турнир во детски игри

Актерот Ви Ха Џун пак, кој ја толкува улогата на полицаецот Џун Хо исто така проговори за можноста за втора сезона во интевју за „Sports Chosun“, изразувајќи надеж дека неговиот лик ќе се врати жив и ќе ја реши мистеријата со неговиот брат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Round 6 Brasil (@round6tv)

– Навистина сакам Џун Хо да живее. Но, тоа навистина не може да се предвиди. Само режисерот знае што ќе се случи. Навистина би сакал да „преживеам“ и да се појавам во втората сезона. – изјави Ха Џун.

Успехот на серијата го повторува оној на оскаровецот „Parasite“ од 2020 година, што исто така се фокусираше на класната нееднаквост и огромниот јаз помеѓу богатите и сиромашните во Јужна Кореја.

Squid Game/ Twitter
Squid Game/ Twitter

Уште во првите 10 дена од премиерата (на 17 септември), „Squid Game“ стана најгледаната серија на Нетфликс во 94 земји во светот и успешно се задржа на врвот цели 47 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот