Крцкаво и вкусно: Кнедли од туна и моцарела

Кнедли
Фото: Pexels

Месото од рибите туна, лосос, сардина и скуша е многу богато со омега-3 масни киселини и се препорачува да се јаде барем двапати неделно.

Доколку не знаете како да ја вметнете туната во своите оброци, ние ви пренесуваме многу интересна кулинарска идеја.

Крцкавите кнедли од туна и моцарела се совршен избор доколку немате многу време, а имате желба да пробате нешто многу вкусно.

Фото: Pexels

Потребни состојки

  • 300 гр конзервирана туна
  • 200 гр крем-сирење
  • 200 гр моцарела
  • 1 јајце
  • Три лажици лебни трошки
  • Дополнително: лебни трошки за валкање на кнедлите
  • Сол, бибер, магдонос, копар

Подготовка

Изматете го јајцето, па додајте му го крем-сирењето и моцарелата. Потоа, додадете ја и туната и убаво зачинете.

Додадете ги лебните трошки, сè убаво измешајте и формирајте топчиња со големина по желба. Секое топче извалкајте го во лебни трошки и пржете го додека не порумени.

На крај, ставете ги кнедлите на хартија за да се впие вишокот маснотии и послужете ги со сезонска салата и вашиот омилен сос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот