Кралицата Летиција го сруши митот за облекување на познатите: Ефектна и елегантна комбинација која е штета да ја облечете само еднаш! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Во Шпанија пред неколку дена се прославуваше Националниот ден. На овој државен празник Шпанците го обележуваат првото доаѓање на Кристофер Колумбо во Америка.

По тој повод се одржи и голема воена парада на која дојде и кралското семејство. Кралицата Летиција и кралот Фелипе VI пристигнаа на парадата во друштво со своите ќерки, принцезата Леонор и принцезата Софија.

Убавата кралица уште еднаш го разби стариот мит за облекувањето на познатите лица според кој тие на важни настани никогаш не се појавуваат во иста облека.

Фото: Профимедиа

Летиција за оваа прилика избра стара комбинација која веќе ја носеше неколку пати, меѓу останатото и во Јапонија во 2017 година и на една церемонија на доделување на признанија во 2018 година.

Изданието составено од плиш црвен фустан, црвен капут и црвено-црни салонки е навистина штета да се заборави бидејќи се работи за ефектна и елегантна комбинација која не се исплати да се чува во гардероберот, туку треба максимално да се износи.

Фото: Профимедиа

Шпанската кралица никогаш не се срами да ги облече повторно своите омилени модни комбинации и тоа е уште една причина поради која нејзиниот стил има толку многу заљубеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот