Крај на чекањето за Лејди Гага: По една година патување со Мајкл, конечно ги откри плановите за венчавката
Пејачката Лејди Гага откри дека нејзината свадба со свршеникот Мајкл Полански се приближува. Гага ја сподели веста во програма во живо на емисијата „Romantic Radio“ на Бруно Марс, преку однапред снимена порака, пренесува „Пипл“.
Препорачано
„Мојот свршеник и јас патувавме целата измината година, а наскоро ќе се венчаме. Се надевавме дека ќе ни избереш некоја посебна песна“, порача таа.
Бруно Марс не го коментираше директно тоа што таа најави дека свадбата ќе биде наскоро, но ѝ ја исполни желбата и една од песните од неговиот нов албум „Risk It All“ ја посвети на нејзиниот иден сопруг.
Оваа вест доаѓа неколку месеци откако Лејди Гага откри дека таа и Мајкл Полански често разговараат за брак. Полански претходно за списанието „Ролинг Стоун“ изјави дека сакаат приватна церемонија наместо голема и раскошна свадба.
„Не сакаме голема свадба, но сакаме да уживаме во тој ден. На некој начин веќе се чувствуваме како да сме во брак, па многу работи и нема да се променат“, изјави тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
46мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


