Крадци целосно испразниле скопски дуќан за брзи кредити, тоа е шестиот ограбен за неполн месец
Непознати крадци во ноќта меѓу вторникот и средата ограбиле фирма за брзи кредити во скопската населба Аеродром, од која однеле пари, два цели сефа, службениот печат, телефони и други предмети, соопшти МВР.
Препорачано
Ова, според информациите од дневните билтени на МВР, е шестата тешка кражба извршена во фирма за брзи кредити во Скопје од викендот 17-19 јануари наваму, односно за неполн месец. Последниот случај пред овој е од вчера од вчера, кога беше ограбена лихварница во општината Гази Баба.
„На 11.02.2026 во 03:33 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 10.02.2026 до 03:25 часот на 11.02.2026 со употреба сила и подесен алат било влезено во подружница на финансиско друштво на подрачје на Аеродром и биле одземени пари, два сефа, службен печат на подружницата, мобилни телефони и други предмети. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
9мин
-
23мин
-
24мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


