Фото: Слободен печат

Уште една скопска фирма за брзи кредити е ограбена, крадците ја скршиле влезната врата

Откако минатиот месец беа забележани неколку кражби во фирми за брзи кредити во Скопје, вчера рано утрото мета на крадците била уште една лихварница, сега во општината Гази Баба, информира МВР.

Во полициското соопштение не е наведена сумата што ја однеле крадците.

„На 10.02.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Крадци систематски ограбуваат скопски лихварници – однеле пари и цели сефови од три фирми во три дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот