Ковид сертификатите на ЕУ ќе содржат податоци за вакцинирани, оздравени или тестирани лица

Дидие Рејндерс/Фото: EPA-EFE/VIRGINIA MAYO / POOL

Европската Kомисија (EK) следната недела ќе предложи новите ковид-19 сертификати да комбинираат информации за вакцинација, оздравени по болеста и резултати од тестовите за да се избегне дискриминација меѓу граѓаните, изјави денеска еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Земјите од југот на ЕУ, кои се потпираат на туризмот, се надеваат дека ваквите „пасоши” може да ја „отклучат” летната сезона оваа година, но идејата наиде на противење од Германија, од Франција и од Белгија, кои нагласуваат дека вакцинацијата не е ниту задолжителна ниту достапна за сите.

– Работиме на сертификат, тоа не е„ пасош”, и не е во прашање само вакцинацијата. Станува збор за оздравени луѓе, вакцинирани или тестирани, истакна Рејндерс.

– Ние немаме задолжителна вакцинација, затоа е можно да се одбие вакцинирање. И во моментов немаме капацитет да организираме вакцинација за сите луѓе кои сакаат да се вакцинираат. Не сакаме да имаме каква и да е дискриминација, рече еврокомесарот за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот