Ковачевски му порача на Ахмети дека со картата на голема Албанија доцни 145 години

спомен плоча, сопот, Фејсбук Али Ахмети

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека спомен плочата со картата на голема Албанија доцни 145 години и дека музејот на ОНА отворен викендов во Сопот е на приватен имот. Тој порача дека се надева оти на сите земји од Западен Балкан карта ќе им биде обединета Европа.

-Тие такви настани секогаш предизвикуваат, со право, бура реакции кај граѓаните. Прво ако добро пресметав утрово, ставање на таа карта е задоцнето 145 години и ако по нешто може да се одслика какви биле односите на Балканот пред 145, 200 години се такви слични карти кои секоја држава на Балканот ги има, ама буквално секоја – вели Ковачевски.

Според информациите на премиерот музејот е изграден на приватен имот и дека тоа подлежи на одредени законски решенија, но не кажа дали се исполнети сите услови за музејот да се отвори.

-Ако се работи за општествен имот каде дозвола треба да даде општината, а како што видов Општина Куманово немала информации за тоа, сметам дека она што го имаме ние денес како општество не ги прави релевантни таквите мапи, бидејќи по 2001 година и по влегувањето во НАТО, ние во нашата држава имаме други мапи коишто се релевантни а тоа е мапата на државите членки на НАТО. И со отпочнувањето на преговорите со ЕУ, мапата која ние ќе кја имаме и се надевам сите земји од Западен Балкан е мапата на обединета Европа и тоа е единственото нешто кое треба да го обединува целиот Балкан, се друго е 145 години задоцнето – рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот