Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ/Фото: СДСМ

Ковачевски ќе ангажира експерти од странство за спроведување на владините проекти: Еве што е прифатено од барањата на помалите партии

Помалите партии кои се во владината коалиција, добиле уверување од мандатарот Димитар Ковачевски дека дел од нивните битни проекти ќе бидат содржани во новата владина програма. Според информациите на „Слободен печат“, прифатено било да има измени на изборниот модел, односно наместо шест да има една изборна единица, да се либерализираат криптовалутите и да се гради ски-центар на Пелистер.

На забелешките од помалите коалициски партнери за бавната реализација на проектите, интересно е дека Ковачевски најавил дека планира да ангажира експерти од странство, кои ќе бидат задолжени за роковите за спроведување на проектите. НСДП предложила проекти од енергетика, односно годинава да почне изградба барем на една хидроцентрала од проектот „Вардарска долина“, државата да закупи 200 мегават-часови од европска земја што гради нуклеарна централа, да се детектираат потенцијални локации за геотермални централи, да се воведе полициски омбудсман, како и проекти од образованието, културата и од екологијата.

Мандатарот сè уште ги држи во тајност кандидатите за министри од СДСМ и наводно за имињата не разговарал ниту со помалите коалициски партнери. Неофицијално, од актуелните во Владата остануваат Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, Бојан Маричиќ од правда се сели во ресорот евроинтеграции, а Благој Бочварски останува во транспорт и врски. Сите други позиции се отворени.

Преговорите за министерските фотелји сè уште траат: На НСДП ѝ е поважна пратеничката од министерската фотеља

Преговорите за министерските фотелји сè уште траат: На НСДП ѝ е поважна пратеничката од министерската фотеља

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот