Димитар Ковачевски, фото: МИА

Ковачевски: Добавувачот на „Трикафта“ успеа да постигне пониска цена, се остави простор за плус пациенти да го добијат лекот

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека за лекот „Трикафта“ се одобрени 2,2 милиони евра, а за набавката се координирале Министерството за здравство, Фондот за здравство и неговиот Кабинет.

Со оглед на тоа што добавувачот на лекот успеа да постигне пониска цена во однос на количини коишто беа побарани по лек, се остави простор плус пациенти во тој износ да можат да го добијат лекот. Апликацијата е веќе почната на количините кои се пристигнати, додаде премиерот.

На седница во Собранието на 16 март на дневен ред ќе бидат законски измени кои ќе овозможат директно да се преговара за набавка на лек кој има единствен производител што го има патентирано лекот. Тоа е иницирано за да може директно од производителот да се набавува лекот Трикафта за болните од цистична фиброза, но ќе важи и за сите други лекови кои имаат единствен производител.

Ковачевски истакна дека на ваков начин ќе има побрз и поевтин пристап до вакви лекови кои имаат единствен производител, а кои досега не можело директно да се набавуваат. Рече дека таква можност имаат многу држави, вклучително и од опкружувањето.

Со оглед на тоа што овој лек го произведува еден производител, бидејќи е негов патентиран лек, од моја страна се предложени законски измени до Собранието, кои се поврзани со оваа терапија. Веќе е закажана седница на 16 март и сметам дека сите пратеници тоа ќе го поддржат. Нашите закони дозволуваат директна набавка од производитепи што имаат патентиран лек туку мораше да се оди преку јавни набавки и трговци на лекови, што дополнително ја зголемуваше цената на лековите. Веднаш се пристапи кон измени на законската регулатива и подготовка на законски решенија со кои ќе се овозможи во најбрз рок пациентите да ги добиваат лековите и да може директно да се преговара со производителот, кој единствен го има лекот, со цел да се добие подобра цена, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Појасни дека кога има директна комуникација со таков единствен производител, тој изготвува и статистики за пациенти што му овозможува на Министерството за здравство на земјата купувач да може да ги планира набавките според добиените податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот