Костески: Гвинеја игра специфичен ракомет, мора да бидеме максимално сконцентрирани
Македонската ракометна репрезентација утре го игра натпреварот против Гвинеја во кој со победа би го обезбедиле пласманот во втората фаза, а покрај селекторот Лазаров, изјава за медиумите денеска даде и ракометарот Ненад Костески.
Препорачано
Крилниот ракометар порача дека Македонија мора да го заборави натпреварот со Холандија и да се фокусира на Гвинеја против која сме фаворити, но никако не смееме да ја потцениме.
„Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство. Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји. Краткото време ќе го искористиме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно“, изјави Костески.
Натпреварот помеѓу Македонија и Гвинеја се игра во терминот од 20:30 часот.


