Костарика е последен учесник на Мундијалот во Катар

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Фудбалската репрезентација на Костарика е последна селекција што обезбеди виза за Светското првенство во Катар откако во интерконтиненталниот бараж натпревар со 1:0 славеше над Нов Зеланд.

Натпреварот се одигра на стадионот „Ахмед бин Али„ во Ал Рајан каде ќе се играат и натпреварите од Светското првенство. Костарика стигна до баражот дојде како четвртопласирана екипа од квалификациите во Конкакаф зоната, додека Нов Зеланд беше победник во квалификациите во Океанија.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат на самиот старт, во третата минута и тоа преку Џоел Кембел.

Костарика на Мундијалот во Катар ќе игра во група со Шпанија, Германија и Јапонија.

Ова ќе биде трето по ред учество на светските првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот